Тоа е прва победа за „топчиите“ на гостински терен во новата година и прва по пауза од речиси два месеца откако на 5 декември славеше кај Лутон. Малку недостасуваше и вечерва да остане без победа иако имаше солидно водство со 2-0.
Нотингем успеа во финишот да ја врати неизвесноста со голот на Авонијџ во 89. минута, меѓутоа немаше сили за целосно да се врати во мечот и претрпе минимален пораз.
Нотингем во судиското продолжение имаше уште една шанса со која можеше да освои бод.
Со оваа победа, Арсенал стигна до 46 бода и е на второто место на табелата, но има еден меч повеќе од лидерот Ливерпул и два од третопласираниот Манчестер Сити.