Фудбалерите на мексиканскиот Тигрес се нови шампиони на Мексико, откако во можеби највозбудливиот натпревар во историјата на оваа земја славеа на гостувањето кај Чивас Гвадалахара (3-2) по голема борба, продолженија и враќајќи се од негатива од два погодоци.
Домашниот тим имаше се во своите раце, особено по ремито во првиот меч на теренот на противникот (0-0), како и по брзите два гола на Алварадо и Гузман уште по првото полувреме во пресметката пред своите френетични навивачи.
Но, гостите не се предадоа, па прво францускиот ветеран Андре Пјер Жињак во 65. и Кордова во 72.минута го изедначија резултатот, за Пизаро да стане херој со голот постигнат во 110. минута за огромна радост на сите во тимот, а за драматичен молк на стадионот.