Ракометарите на Еурофарм Пелистер по цели 18 години донесе ракометна титула за Битола во домашниот шампионат. По последниот натпревар против Тиквеш, фановите на „зелената“ боја го прославија успехот во градот.
Салата беше цела обоена во зелено, а сите потоа се преселија на плоштадот во Битола. На популарното место „Магнолија“, беше поставена бина каде беа поздравени ракометарите кои по долго време успеаја да донесат трофеј, поточно за првпат по 2005 година.
Во изминатите осумнаесет години, на врвот во мак-ракометот се менуваа екипите од Скопје. Пелистер беше во сенка на Вардар и Металург, но според најавите од Битола, раководството сака повторно да ја врати зелената боја во мода и битолчани да бидат силен фактор во домашниот ракомет.
Еурофарм Пелистер поради освоената титула ќе биде претставник на Македонија во Лигата на шампионите.