„ЕХФ по избивањето на круната во репрезентациите ќе ги промени правилата поврзани со настапот на играчите со корона на Еврото кое започнува на 13 јануари“, пишува Handball-Planet.com.
Поради се повеќе позитивни тестови кај многу репрезентации ќе се менува правилото „14 дена“. Новото правило ќе биде пет дена изолација по позитивен тест и два последователни негативни теста, по што ракометаот ќе се стекне со право на настап на ЕП.
Оваа одлука се уште не е официјална, но се чини неизбежна за да се постигне регуларност на натпреварувањето без значителен пад на квалитетот на репрезентациите.
Потсетуваме дека нашиот противник Црна Гора има три играчи позитивни на ковид и еден член на стручен штаб. Словенија исто така има регистрирано еден случај на корона кај голманот Лесјак
За среќа во Македонската репрезентација засега ситуацијата е стабилна и нема ниту еден корона случај.
На Европското првенство Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска. Во второто коло одат првите две екипи од секоја група.