Mакедонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски продолжува со одличните партии. Откако на Порто му донесе реми во Лигата на шампиони, запиша 14 одбрани и беше прогласен за голман на колото во ова натпреварување, продолжи со добрите партии и во португалскиот шампионат.
Неговиот тим славеше против Белененсес со убедливи 45-27 во рамките на 20. коло. За Порто ова беше 18. победа оваа сезона, има еден пораз и се наоѓа на второто место на табелата.
Митревски одново се запиша во листата на стрелци, постигна еден гол од два обиди, зад своето име запиша седум интервенции, односно имаше 41% успешност.