Женската ракометна репрезентација на Македонија по една деценија се врати на големата сцена. Девојките играат на Европското првенство (ЕП) кое е на домашен терен, а доста емотивно го доживеаја првиот момент кога одекна химната.
Додека „Денес над Македонија“ одеше во позадина, девојките ја испеаја химната во еден глас. Некои од нив имаа и солзи во очите и покажаа емоции до небо. Посебно тоа се истакна кај Моника Јанеска, една од поискусните во нашиот состав која плачеше на химната.
Македонија немаше среќа на ждрепката и доби пеколна група. Покрај Франција, нашиот национален тим ќе игра и со Холандија и Романија.