Поранешниот ракометар на Металург, Халил Јагањац од следната сезона ќе го носи дресот на полскиот шампион, Киелце.
Тој го потврди неговиот трансферот од Нексе во Киелцево интервју за хрватскиот весник ,,24 сата” . Јагањац со одличните настапи во дресот на Нексе во последните три сезони, беше цел на голем број на клубови, но сепак неговата одлука е да се пресели во полскиот шампион .
Во дресот на Металург одигра две сезони, иако имаше тригодишен договор со клубот од Автокоманда. Во текот на 2018 година се врати во својата земја и потпиша за Нексе од Нашице. За репрезентацијата на Хрватска има одиграно 12 официјални натпревари и постигнато 31 гол.