Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата суперлигашка сезона.
Следната сезона во елитната конкуренција ќе играат 16 екипи поделени во две групи, и во регуларниот дел ќе одиграат по 14 кола, пред да се поделат во плеј-оф и плеј-аут.
Вардар ќе биде носител на групата А, додека Еурофарм Пелистер е носителот на групата Б.
Суперлигашките натпревари би требало да почнат во првиот викенд од септември, а до крајот на годината ќе се одигра регуларниот дел.
Група А: Вардар, Бутел Скопје, Охрид, Прилеп, Струга, Алкалоид, Вардар Неготино, Куманово
Група Б: Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш, Пролет, Радовиш, Голден Арт, Јуниор Кисела Вода, Скопје