Македонија загуби со 14-24 од Франција, но и Романките, дури и повеќе од нашите ракометарки, беа контролирани, неутрализирани на секој дел од теренот.
А изгледаше дека парираат во првите 16 минути, кога важеше 7-7 . Сепак, настана очекуван застој во нападот на Романките, преку пет минути им требаа за да го постигнат следниот гол, а Франција за тоа време отиде на 11-7. До крајот на полувремето олимпискиот шампион врза уште една низа од три невозвратени гола, па на пауза замина со 17-11.
Со две замени во составот, во однос на мечот со Македонија, селекторот Оливие Кремболц одлично ги ротираше и распоредуваше ракометарките во вториот дел. Незапирливи беа пивотите, Едвиж и Фопа, првата со четири, втората со пет гола, четири постигна и крилото Коатанеа, која одмораше со Македонија, а прв стрелец сепак беше левиот бек Нзе Минко, со шест од шест. Кај Романките, најпознатата ракометарка, Неагу постигна пет гола, како и Грозав.
Откако и Холандија славеше со 30-15 над Македонија, јасно е дека Французинките и Холанѓанките ќе ги освојат првите две позиции во групата Ц и ќе пренесат бодови во втората фаза. Прашањето е кој ќе биде прво место, исто како и кој ќе ја мине групата како третопласиран. Македонија ќе се пресмета со Романија, во 18 часот, а Холандија со Франција, во 20.30. во среда.
Во Подгорица, каде што Полска ја совлада Шпанија со 22-21 (12-12) во групата Д. Претходно таму Црна Гора беше подобра од Германија, па сега води со четири бода, Полска и Германија имаат по два, Шпанија е на нула.