Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за промена на името на сцортски центар во оваа општина.
СЦ „Ново Лисиче“ во иднина ќе го носи името на прерано починатиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски.
20-годишниот Божиновски беше израснат во Аеродром и беше голем навивач на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, па членовите на општинскиот Совет донесоа одлука во неговата чест.