Репрезентацијата на Шведска е европски првак, ја совлада Шпанија во финалето на ЕП со 27:26!

Швеѓаните уште од стартот поведоа преку Готфридсон, најдобриот играч на ова ЕП, а она што на сите им беше јасно е дека и двете селекции далеку повеќе ќе внимаваат на одбраната отколку на нападот.

Во секој момент имаше голема неизвесност, блескаше на голот на Швеѓанецот Паличка, но неколку играчи успеаја да го најдат патот до скандинавската мрежа, видовме и еден прекрасен потег на Фигуерас.

Во продолжение Швеѓаните заостанаа, а потоа Оскар Бергендал ги задржа „жолтите“ и не само тоа, најмногу благодарение на неговата снаодливост, тие првпат поведоа во вториот дел.

На влезот во последните пет минути Швеѓаните имаа гол предност (25:24), па Ване од крилната страна му донесе два гола плус на својот тим. Паличка продолжи да биде одличен кога беше најпотребно, се поизвесно беше дека Скандинавците ќе го освојат ЕП.

Сепак, Швеѓаните имаа лоши напади, неколку недоразбирања во клучните минути, слободно можеме да кажеме дека „Фуријата“ одигра фантастична одбрана, па имаа напад за израмнување во 59. минута од натпреварот. Канељас успеа да израмни, Швеѓаните продолжија да бидат јалови во нападот, па репрезентативците на селекторот Жорди Рибера имаа напад за предност во последната минута од играта, кој не беше искористен, иако, според многумина, имаше очигледен фаул над Канељас. Швеѓаните го имаа последниот напад на натпреварот, добија седмерец и имаа шанса за триумф.

Екберг ја презеде одговорноста, ја донесе титулата по 20 години за Швеѓаните!

https://twitter.com/EHFEURO/status/1487864334898405376?s=20&t=HwNjxLSlnnGTqPg5_XDCNA