Екипата на Аријан Адеми и Стефан Ристовски ги постигна два гола за победа во првото полувреме. Најпрво Јосип Шутало во 22. минута ја затресе мрежата на Риека за предност од 1-0, по што Мислав Оршиќ стрелаше за 2-0, додека гостите успеаа да постигнат гол во 89. минута, но истиот им беше поништен од офсајд.
Македонските репрезентативци Ристовски и Дарко Велковски ги одиграа сите 90 минути за нивните екипи, додека Адеми беше заменет во 77. минута во тимот на Динамо.