Ливерпул и Манчестер сити ремизираа 2-2 во големото дерби во рамки на 7.коло во Премиерлигата.

Вистинските возбудувања се случија во второто полувреме кога беа постигнати сите четири погодоци. Најпрво Садио Мане ги доведе „црвените“ во водство во 59.минута, по одличниот продор и асистенција на Мохамед Салах. Сити го израмни резултатот 10 минути подоцна преку Фил Фоден.

Еѓипќанецот потоа го врати домашниот состав во водство во 76.минута, но Кевин де Брајне реализираше за 2-2 во 81.минута со што беше поставен конечниот резултат.