По шокот во Лигата на шампионите и сензационалниот пораз на домашен терен од Шериф, Реал Мадрид денеска доживеа нов неочекуван пораз.

Во осмото коло од Ла Лига, Еспањол го победи Реал со 2: 1 на домашен терен и на тој начин му го нанесе првиот прволигашки пораз сезонава. Стрелци за домашниот тим беа Де Томас во 17 и Видал во 60 минута. Карим Бензема погоди за Реал во 71. минута.