Каталонскиот гигант Барселона oствари минимална победа на Камп Ноу со 1-0 против Хетафе за 14. триумф во шпанската Ла Лига со што го зголеми водството на шест бодови пред шампионот Реал Мадрид.

На наттпреварот немаше многу шанси на двете страни, а единствениот гол го постигна Педри во 35. минута, кој се покажа како доволен за трите бода на Барселона.

Барселона има 44 бодови на првата позиција во Ла Лига, по што следат Реал Мадрид и Реал Сосиедад со по 38, а во топ-4 е уште и Атлетико Мадрид со 31.