Рома ја постигна 11-та победа оваа сезона во Серија А откако оствари победа против Специја на гости со 0-2.

Ел Шарави го откри резултатот во 45.минута, а Тами Абрахам на почетокот на вториот дел зголеми на 0-2 во 49.минута, и го постави конечниот резултат.

Екипата на Мурињо, Рома по овој триумф се наоѓа на четвртата позиција со 37 бода.