“Жолтата подморница” ја победи Џирона со 1-0, во натпревар кој траеше 101.минута, а Дани Парехо донесе слатка победа со гол од пенал во 100.минута од натпреварот.

Претходно, Жерар Морено не успеа да реализира пенал во 94.минута од дуелот.

Вилјареал се наоѓа на петтата позиција на табелата со 31 бод, колку што има и четвртопласираниот Атлетико Мадрид.