Тиквеш го постигна првиот гол на натпреварот преку Каракамишев во 16. минута, по што Брегалница почна да доминира на теренот во продолжение од средбата, но голманот на домаќините, Димовски успешно ја зачува својата мрежа.
Брегалница имаше шанса за израмнување во 43. минута, но ударот од белата точка на Стојанов беше одбранет од Димовски, кој и во следните неколку минути имаше одлични интервенции на голот на Тиквеш.
Манев во 56. минута конечно успеа да го матира чуварот на мрежата на Тиквеш и да израмни на 1-1, додека Ѓокиќ во 70. минута погоди за пресврт од 2-1 на Брегалница, додека конечните 3-1 ги постави Алтипармаковски.
Брегалница по 18 одиграни меча се наоѓа на четвртата позиција со 29 бода, односно два помалку од третопласираната Шкендија, додека Тиквеш е на 10. место со 15 бодови.