МАКС ВЕРСТАПЕН беше најдобар во саботните квалификации за последната трка од сезоната во Формула 1, која се вози во Абу Даби и каде ќе биде донесена одлуката за шампионот. Возачот на Ред Бул ќе стартува од првата позиција, а неговиот конкурент за титулата Луис Хамилтон е веднаш зад него.

Да потсетиме, последната трка сезонава се вози во недела од 14 часот, а Верстапен и Хамилтон се изедначени во поредокот со 369,5 бодови. Титулата светски првак ќе ја добие оној што ќе освои повеќе бодови на оваа трка. Но, ако завршат повторно со ист број поени, титулата ќе ја освои Верстапен бидејќи има повеќе победи (девет, наспроти осумте на Хамилтон).