Според најавите од Велика Британија, Новак Ѓоковиќ треба да биде ѕвезда на серија на Нетфликс, посветена на настаните во Австралија.
Ѓоковиќ е во своевидна неизвесност од ноќта меѓу средата и четвртокот, откако австралиската влада прво донесе одлука за укинување на визата и депортација, а потоа беше усвоена жалбата на Новак и процесот беше префрлен на федералниот суд.
Судијата Ентони Кели пресуди во корист на Новак, но тоа беше само почеток на голема драма, бидејќи австралиската влада одлучи да ја донесе конечната одлука во четврток. И додека целиот свет го чека исходот од таа приказна, „Дејли Мејл“ носи ексклузивна информација дека маките на Ѓоковиќ во „земјата на кенгурите“ ќе бидат овековечи во форма на серија, зад која стои Нетфликс.
Како што пишува „Дејли Мејл“, снимањето веќе започна, а серијата треба да овозможи увид во голем број настани „зад сцената“. Уште не се знае колку епизоди серијата треба да содржи, ниту кога треба да се емитува.