Русинот Данил Медведев славеше против грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-5 во полуфиналето на Мастерсот во Рим.
Медведев направи брејк уште во првиот гем од натпреварот и го зачува водството до осмиот гем кога Гркот израмни на 4-4. Русинот, сепак, во продолжение прави уште еден брејк и го доби сетот со 7-5.
Идентичен беше и вториот сет од мечот, каде што рускиот тенисер направи два брејка и со 7-5 си обезбеди место во финалето.
Русинот за титулата во Рим ќе се бори против Холгер Руне кој беше подобар од Каспер Руд со 2-1 во сетови.