Милан го доби дуелот против Сампдорија со убедливи 5-1 во 36. коло од Серија А и остана во игра за пласман во топ-4 и место во Лигата на шампиони.
Рафаел Леао во деветтата минута погоди за водство од 1-0 на Милан, по што Кваљарела израмни на 1-1 пред да се разигра Оливие Жиру кој до крајот на првите 45 минути постигна два гола (3-1).
Брахим Дијаз зголеми на 4-1 во 63. минута, а веднаш потоа Жиру го комплетираше својот хет-трик и ги постави конечните 5-1.
Милан е петти во Серија А со 64 бодови, односно еден бод помалку од Лацио и два помалку од Интер.