Микел Мерино во петтата минута доби одлична топка во казнениот простор на Барселона и ја испрати во мрежата на Марк-Андре Тер Штеген за водство на Реал Сосиедад од 1-0, по грешката на Кунде..
Осман Дембеле имаше шанса да израмни во 16. минута, но неговиот удар го блокираше Алекс Ремиро, по што до крајот на првото полувреме имаше уште неколку шанси на двете страни.
Реал Сосиедад го постигна вториот гол во 72. минута од натпреварот, а до крајот на средбата Роберт Левандовски со глава го матира гостинскиот голман за 1-2.
Гостите со оваа победа стигнаа до 65 бодови во Ла Лига, односно пет повеќе од Вилјареал и се во пол-позиција за да обезбедат пласман во топ-4.