Колумбискиот репрезентативец Хамес Родригез (30) ги напушти редовите на Евертон и кариерата ќе ја продолжи во катарскиот клуб Ал-Рајан. Времетраењето на договорот и надоместокот не се објавени.

Иднината на 30-годишниот играч од средниот ред на Евертон изгледаше неизвесно откако Карло Анчелоти го напушти тимот и пристигна Рафа Бенитез. Откако Шпанецот го презеде тимот, Родригез не одигра ниту една минута и беше јасно дека ќе бара нов клуб.

 

Колумбиецот пристигна во Евертон во септември 2020 година за да се обиде да ја заживее кариерата откако го загуби местото во тимот на Реал Мадрид, и не успеа да се наметне ниту во Баерн. Минатата сезона, тој постигна шест гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари за клубот од Гудисон Парк.

 

Во текот на кариерата играше и за Енвигадо, Банфилд, Порто и Монако. Неговиот трансфер од Порто во Монако изнесуваше 45 милиони евра, а само една година подоцна беше продаден во Реал Мадрид за 80 милиони евра, што тогаш беше четвртиот најголем трансфер во историјата на фудбалот.

Во првите четири сезони на „Сантијаго Бернабеу“ , тој одигра 117 натпревари и постигна 36 голови во сите натпреварувања. Реал потоа го испрати на позајмица во Баерн во 2017 година,

За две сезони одигра 67 натпревари за Баварците и постигна 15 голови во сите натпреварувања. Повеќе отколку по игрите, тој беше запаметен како еден од играчите што го предводеа бунтот против тогашниот тренер Нико Ковач.

Баерн на крајот го врати во Реал, „Кралскиот клуб“  го продаде на Евертон, а кога не најде среќа таму, сега кариерата ќе ја продолжи во катарски Ал-Рајан.тогаш