МВП играчот на овогодишното јуниорско Светско првенство во ватерполо Марко Радуловиќ крена голема прашина во хрватската јавност.
Тој иако е родум од Ријека, неодамна одлучи да игра за селекцијаа на Србија со која летово стана светски шампион.
Во четвртфиналето беше совладана Хрватска, репрезентацијата за која порано играше Радуловиќ.
Сепак, легендата на храватското ватерполо, Јошка Крековиќ ја раскажа својата верзија на приказната.
“Ми пречи што во последно време медиумите нагласуваат дека Радуловиќ ја избра Србија бидејќи никој не сметаше на него. Тоа не е вистина. Вистината е сосема поинаква. Тој беше репрезентативец до 18 години на Светското првенство во Унгарија , а следната година кога беше СП У-20 Радуловиќ се пресели од Приморје во Војводина во јуни 2019. Федерацијата и јас, како селектор, уредно му испративме покана да се подготви за репрезентацијата, но не добивме никаков одговор. Меѓутоа тој не контактираше со нас и ние директно ја контактиравме неговата мајка, која ни рече дека Марко одлучил да игра за Србија, па затоа е лага дека никој од ХКС го нема контактирано , има мејлови во канцелариите на Алијансата кои докажуваат деја јас ја кажувам вистината “, рече Крековиќ за Индекс.
Крековиќ, исто така, негираше дека причината поради која Радуловиќ е „отстранет“ е неговиот конфликт со тогашниот тренер на Приморје, Игор Хиниќ.
Според него, Радуловиќ тогаш бил поканет во хрватската репрезентација, меѓутоа, немало позитивен одговор.