Даниел Медведев го освои својот прв Грен слем налсов, но не секој мисли дека неговиот стил на тенис е возбудлив. Toa го призна и Стефанос Циципас .

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас даде интервју во кое зборуваше за очекувањата од себе, но го коментираше и својот ривал Даниел Мевједев, кој стигна до својата прва грен слем титула на УС Опен. Забелешките на Циципас за стилот на игра на Русинот се доста изненадувачки.

“Медведев е многу конзистентен, многу тежок противник. Не би рекол дека неговиот стил на игра е досаден, би рекол дека е еднодимензионален. Изненаден сум што успеа да постигне се што постигна со тој начин на тенис”.

Но, Циципас имаше пофалби и за Медведев, за кого смета дека е најдобриот тенисер во светот во моментов.

“Дефинитивно тој е најдобриот играч во моментов, тоа го покажа на теренот. Се сметам за еден од најдобрите, но морам да го докажам тоа. Луѓето со кои загубив на Гренд Слем турнирите не се подобри од мене, но на тој момент тие одиграа подобро “, рече Гркот.