Поранешниот голгетер на Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Интер, Челси и други клубови преку социјалните мрежи соопшти дека сака да го води камерунскиот фудбал. Тој се решил на ваков потег поради љубовта кон Камерун и пасијата за фудбалот.
Ето ќе работи бесплатно доколку биде избран за претседател, односно ќе ја донира платата во хуманитарни цели.
Изборите за прв човек на федерацијата ќе се одржат на 11 декември, а останатите кандидати имаат рок до 11 октомври да поднесат своја апликација, односно кандидатура.