Пред десет години Енди Керол беше најскапиот англиски фудбалер во историјата. Во последниот ден од зимскиот преоден рок тој потпиша за Ливерпул, а „црвените“ му платија 41 милион евра на Њукасл.
Од денешна перспектива тоа не се големи пари за фудбалер, но тогаш тоа беше рекорд. Со рекордот и големите очекувања, Керол беше доведен да го наследи Фернандо Торес во Ливерпул, но тој никогаш не успеа да го стори тоа.
Тој многу брзо го напушти клубот и потпиша за Вест Хем каде играше до 2019 година кога бесплатно се пресели во Њукасл. Денеска 32-годишниот напаѓач настапува за Рединг во Чемпионшип.
Англиските медиуми се занимаваа со тоа дека некогаш најскапиот Англичанец на светот сега игра во втората лига, па открија и колку заработува таму. Керол во Ридинг има приход од 1.000 фунти неделно. Тоа се околу 71.000 денари.
Тој имаше приход од 4,9 милиони евра годишно во Ливерпул, 5,5 милиони евра за 12 месеци во Вест Хем, додека во последните две години заработи вкупно 9,2 милиони евра во Њукасл.