Официјално најдобриот фудбалер за 2021 година, Лионел Меси, денеска не тренираше со остатокот од тимот на Пари Сен Жермен, а неизвесно е дали ќе го пропушти претстојниот дуел кој се игра утре против Ница.
Аргентинецот синоќа беше лауреат на најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, а утрово почувствува симптоми на гастроентеритис поради што го пропушти тренингот со сонародникот Леандро Паредес.
Во ПСЖ се надеваат дека сепак вирусот нема да се прошири и на други фудбалери. „Светците“ утревечер ќе ја пречекаат Ница, а подолг период во тимот нема да биде Нејмар.