Голгетерот на Барселона, Роберт Левандовски е избран за најдобар фудбалер за месец октомври во Примера.

Центарфорот на Барселона имаше одлични перформанси, постигна неверојатни седум погодоци на три натпревари во лигата. Левандовски беше и двоен стрелец во победата над Реал Мадрид во „Ел Класико“. Освен тоа, постигна три против Алавес и два против Севиља.

Третпат сезонава во три месеци фудбалер на Барселона го понесе признанието за најдобар играч. Претходно тоа го добија Рафиња во август и Ламин Јамал во септември.

Барселона е лидер во Примера со 30 бода, шест повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.