Лионел за првпат учествуваше во пенал рулет на 34 години, 17 во кариерата и на 796. натпревар во клубовите. Така мораше да се реши натпреварот од осминафиналето на Купот на Франција, ПСЖ – Ница. Меси стрелаше во првата серија и постигна гол, но неговите соиграчи Леандро Паредес и Чави Симонс не успеаја во тоа, па ПСЖ загуби со 6:5 и испадна од понатамошната борба за купот на Франција.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата шест пати изведе пенали за репрезентацијата Аргентина кога беше донесена најдраматичната одлука за пласман на јужноамериканските и светските првенства.
Сега, тоа го направи за прв пат за клуб т.е во ситуацијава за ПСЖ. Погоди, но и загуби.