Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах на прес-конференција во пресрет на финалето од Лигата на шампионите изјави дека дефинитивно ќе остане во Ливерпул и следната сезона. Договорот на египетскиот напаѓач со Ливерпул истекува во летото 2023 година, се шпекулираше за потенцијално заминување на крајот од сезоната, но Салах ги демантираше сите тие гласини.
„Во моментов сум концентриран само на финалето. Не размислувам толку многу за договорот бидејќи дефинитивно останувам во Ливерпул и следната сезона“, изјави Салах на прес-конференција.
Тој ја завршува сезоната како најдобар стрелец во англиската Премиер лига со постигнати 23 гола, колку и Кореецот Сон. Салах е и еден од главните кандидати за Златната топка.