Аргентина по првото полувреме води со 2:0 во финалето на Светското првенство во Катар со головите на Лео Меси од пенал во 23 и Анхел Ди Марија во 36 минута. Меси стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол во сите нокаут натпревари на едно Светско првенство, а во историјата на Аргентина влезе и Ди Марија.
Крилниот напаѓач на Јувентус стана првиот Аргентинец кој постигнал гол и во финалето на Светското првенство и во финалето на Копа Америка. Аргентина го совлада Бразил со 1:0 во финалето на минатогодишното првенство на Јужна Америка, а Ди Марија беше единствениот стрелец. Тоа беше негов единствен гол во натпреварувањето каде со Меси ја подели титулата најдобар стрелец со четири гола.
Ди Марија многу емотивно го доживеа голот по една феноменална брза акција и не ги задржа солзите радосници додека славеше со соиграчите.