Килијан Мбапе за само 120 секунди постигна два гола, во 80. и 82. минута и израмни на 2:2 во финалето на Мундијалот меѓу Франција и Аргентина.
Извонредниот напаѓач на триколорите се закани дека ќе му ја земе Златната божица на Лионел Меси, која веќе беше речиси сигурно во негови раце по предноста од 2:0 и доминацијата на Аргентина.
Но,така не мисли Мбапе, кој му е соиграч на Меси во ПСЖ и со два гола донесе неизвесност на неколку минути до крајот на финалето.