Рускиот милијардер е близок соработник со Владимир Путин, па откако претседателот на Русија ја нападна Украина, се погласни се повиците за Абрамович да го продаде клубот од Лондон.
Тој пред неколку дена се повлече од претседателската функција и го остави во рацете на хуманитарниот фонд на клубот. Сега веќе почнаа да пристигаат понуди за купување на управувачкиот пакет акции.
Според шпекулациите во медиумите, Абрамович добил четири понуди, меѓу кои била и онаа на швајцарскиот милијардер Хансјерг Вајс. Се работи за 86-годишник, кој своето богатство го направил во областа на медицината и се проценува на околу 5,8 милијарди долари.
Се очекува голем интерес за купување на Челси, бидејќи се работи за елитен клуб, кој има огромен финансиски потенцијал.