Меѓународниот центар за спортско истражување (ЦИЕС) објави ранг листа на 50 најпрофитабилни фудбалски академии. Во пресметките се земени исплатите за играчи кои поминале најмалку три сезони во клубот и се на возраст меѓу 15 и 21 години.

На првото место е португалска Бенфика, на второто и третото место се Реал Мадрид и француски Монако. Следуваат Ајакс, Лион, Баер Леверкузен.

Интересно, Аталанта е на седмото место и пред Барселона која е 12-та, а некогаш важеше за фантастичен извозник на талентирани фудбалери. Инаку зад Аталанта се Челзи, Спортинг, Ливерпул, Атлетико, Барселона, Фламенго…