Фиорентина вечерва ќе го пречека Јувентус во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија. Во фокусот на вниманието на „Артемио Франки“ ќе биде довчерашниот миленик на фановите во Фиренца, Душан Влаховиќ, кој сега го носи дресот на Јуве.

Тој направи трансфер оваа зима во еден од најомразените ривали на Фиорентина и го навлече гневот на домашните фанови.

Фиорентина, во пресрет на натпреварот, апелираше до навивачите да се воздржат од навреди кон Влаховиќ. Сепак, доби брз одговор од еден од водачите на навивачите, Федерико де Синополи.

„Влаховиќ го предаде целиот град. Тој е ист како и Киеза и Бернардески. Ќе мора да мине низ пеколот“, изјави Де Синополо.