Англискиот премиерлигаш Евертон ги суспендираше сите свои спонзорства со руски компании, тврди Ројтерс .
Овој потег влијае на три компании кои беа истакнати спонзори на различни нивоа во Гудисон Парк, а сите три се во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов, близок соработник на Владимир Путин.
USM Holdings има права на тренинг полигонот Евертон од 2017 година, Yota е спонзор од 2020 година, додека мобилниот телефонски оператор МегаФон го спонзорираше женскиот тим на клубот од Ливерпул.
Еден од најбогатите луѓе во светот, Усманов, чие богатство се проценува на 13 милијарди долари, нема акции во Евертон, тврдат од клубот.
Избраниците на Френк Лампард се солидаризираа со својот украински лев бек Витали Миколенко.
„Сите во Евертон остануваат шокирани и тажни поради страшните настани што се случуваат во Украина. Играчите, стручниот штаб и сите што работат во Евертон му даваат целосна поддршка на нашиот играч Виталиј Миколенко и неговото семејство и ќе продолжат да го прават тоа“, се вели во соопштението.