Тотенхем испадна од ФА Купот и ова ќе бидат 14 години без освоен трофеј за лондонскиот клуб.
Мидлсброу по 120 минути борба славеше со резултат 1:0, а навивачите на Тотенхем сметаат дека и овојпат главниот виновник за поразот е Емерсон Ројал.
Неодамна Бразилецот катастрофално се постави и му подари два гола на Саутемптон во поразот од Тотенхем, а синоќа повторно „блесна“.
Заостануваше еден метар зад последната линија од одбраната, поради што стрелецот на победничкиот гол не беше во офсајд.
Социјалните мрежи се запалија, навивачите не веруваат дека клубот се согласил да го купи Бразилецот за астрономски 30 милиони евра.
Исто така, претходно пишувавме дека управата на Барселона била шокирана кога пристигнале толку многу понуди на крајот од летниот преоден рок и дека не можеле да ги одбијат.
Емерсон премногу често покажуваше дека е тактички прилично слаб и дека позиционирањето му е слаба точка.
Со своите грешки директно влијаеше на неколку голови на ривалите на Тотенхем, па не е ни чудо што Антонио Конте постојано говори дека му требаат засилувања .