Можеби највпечатливиот момент на натпреварот од 28. коло од Премиер лигата меѓу Норич и Брентфорд беше кога фудбалерот на домашната екипа Брендон Вилијамс беше подготвен да се пресмета со противникот поради груб фаул.
Двајца фудбалери паднаа на земја, Вилијамс веднаш го фати ривалот за дресот, но тој во миг го смени расположението кога виде со кој фудбалер е во дуел.
Кристијан Ерискен беше фудбалерот кој направи фаул, Данецот кој и покрај мислењето на многумина дека никогаш повеќе нема да игра професионален фудбал, се врати на теренот.
Кога го виде, Вилијамс го пушти, дури и го прегрна а тој изненадувачки брзо го промени изразот.
Брентфорд победи со 3-1, но по мечот никој не зборуваше за исходот и головите. Огромен е бројот на пораки испратени до Вилијамс и Ериксен на социјалните мрежи, а видеото кое брзо стана вирално предизвикува емоции кај фудбалските фанови.