Покрај големата победа против Рајо (1-2) на „Ваљекас“ по шест години чекање, во таборот на Барселона никој не беше расположен за славје, а сè поради она што се случи во судиското продолжение.
Младиот Марк Бернал претрпе тешка повреда на коленото по дуелот со Иси, а првите прогнози воопшто не се добри и дури укажуваат дека младиот играч од средниот ред на Барселона ќе биде надвор од теренот најмалку девет месеци и за него сезоната е завршена.
Му соопштија дека е крај, го прегрна Ханси Флик и замина во солзи.
„Никој во соблекувалната не е среќен. Повредата на Бернал не изгледа добро. Мораме да ги почекаме тестовите“, рече Ханси Флик.
Гави ќе се врати дури во ноември, Араухо исто така, Кристенсен веројатно околу нова година, а до крајот на сезоната тренерот Ханси Флик нема да може да смета ни на 17-годишното откритие на клубот Марк Бернал. Тој беше стартер на сите три натпревари досега во Ла Лига, но синоќа против Рајо Ваљекано доживеа тешка повреда која ќе го одвои безмалку една година од терените.
Бернал е еден од тројцата 17-годишници во првиот тим на Барселона, покрај Јамал и Кубарси, игра во средниот ред и прогнозите беа дека го очекува блескава фудбалска кариера.