Турскиот првак Галатасарај е најголемиот губитник од плејофот за пласман во групната фаза и е елиминиран од Лигата на шампионите.
По се што се случуваше на првиот дуел, фактот што стигна негатива од 0-2 и несреќно загуби и ја имаше поддршката од преполните трибини на својот стадион, поранешниот освојувач на Купот на УЕФА беше голем фаворит во дуелот со Јанг Бојс, но ќе мора да се задоволи со учество во Лигата на Европа. Галата ја имаше иницијативата, создаде неколку шанси за гол, но не успеа да го пробие цврстиот бедем на швајцарскиот ривал.
Казната за тоа стигна во 88. минута кога сите играчи на домашниот тим отидоа на противничката половина, па Виргиниус во контранапад ја затресе противничката мрежа за водство и победа од 1-0 на Јанг Бојс.
Во групната фаза од Лигата на шампионите се пласираа Салцбург и Спарта Прага. Австрискиот вицешампион ја задржа предноста од 0-2 од првиот меч против Динамо Киев и вечерва со 1-1 на домашен терен го потврди пласманот во елитното натпреварување. Спарта уште еднаш со 2-0 го совлада Малме, откако двата тима промашија по еден пенал во првото полувреме, двата гола за чешкиот претставник беа постигнати во период од 80. до 83. минута.
Останатите пет учесници во Лигата на шампионите преку плејофот ќе бидат познати утре кога се на програмата се останатите дуели.
РЕЗУЛТАТИ
Галатасарај – Јанг Бојс 0-1 (прв меч 2-3)
Салцбург – Динамо Киев 1-1 (2-0)
Спарта – Малме 2-0 (2-0)