Римската волчица која води голема битка за местата во ЛШ, не успеа да го победи Лече, двете екипи ги поделија бодовите.
Лече дојде до водство уште во седмата минута со автоголот на Ибањез, а десет минути подоцна Дибала од пенал реализира за 1-1, што беше и конечниот резултат.
Домашниот голман Фалконе, во текот на натпреварот имаше неколку одлични интервенции со кои спречи Рома да стигне до победа.
Тимот на Мурињо повторно се проби пред Милан на табелата, но сега со ист број на бодови но подобра гол разлика.