Унион Берлин продолжува со одлични игри, и со 2-1 победи на гостувањето кај Лајпциг. По 20 одиграни кола во Бундес лигата има само еден бод помалку од Баерн Минхен.
Лајпциг одлично го отвори натпреварот, со гол на Хенрикс имаше водство од 1-0 по првото полувреме, но работите битно се променија во вториот дел.
Хаберер во 61. минута го израмни резултатот на 1-1, а во 72. минута Кноче од пенал погоди за комплетен пресврт и триумф на Унион Берлин од 2-1.
По 20 одиграни кола во Бундеслигата, прв е Баерн со 43 бода, па Унион Берлин со 42, трета е Борусија Дортмунд со 40.