Натпреварот беше решен уште во првото полувреме, во кое Паредес уште во 15. минута му донесе предност на домаќинот, додека Сесај во 36. минута изедначи од пенал. Победничкиот погодок беше дело на српскиот интернационалец Душан Влаховиќ во 41. минута и тоа на асистенција на сонародникот Филип Костиќ. Сесај постигна гол за гостите и во третата минута од мечот, но тој беше поништен поради офсајд по реакција од ВАР-собата.
Значајна победа во битката за место во ЛШ оствари и Аталанта, која дома беше подобра од Специја (3-2). Салернитана и Фиорентина одиграа нерешено (3-3), додека Торино како гостин ја совлада веќе испаднатата Сампдорија (2-0).