ПСЖ следната сезона ќе има нов тренер. Актуелниот Маурисио Покетино не е опција за новата сезона и покрај освојувањето на титулата во Франција. Аргентинскиот тренер е критикуван поради испаѓањето на почетокот на осминафиналето од Лигата на шампионите од Реал Мадрид, а ПСЖ летово се соочува со голем број промени.
Едно решение е Антонио Конте, а другиот кандидат е натурализираниот Италијанец Тиаго Мота, кој одлично си ја врши работата на клупата на италијанска Специја. Мота е поранешен играч на ПСЖ и познато лице во Париз, а познат е и по своите револуционерни идеи. Мота го привлече медиумското внимание во интервју за Газета дело спорт во 2020 година, во кое рече дека сака да направи револуција во фудбалот со формацијата 2-7-2.
„Идејата е моите тимови да играат напаѓачки фудбал. Сакам да ја контролирам играта со висок притисок и многу движење со и без топка. Сакам секој играч кој ја има топката да има три или четири решенија истовремено и барем двајца соиграчи во близина да му помогнат „Не сакам бројки на теренот затоа што знаат да мамат. Можеш да бидеш суперодбранбен со 5-3-2 и дефанзивен со 4-3-3.
“Бројките можат да бидат погрешни. Тоа се само лажни конструкции. Ова не е фудбал на маса за играчите да се фиксираат на едно место. Тие постојано се движат. Се зависи од квалитетот на тимот што го имате. Сакам играчи кои можат да играат подеднакво добро во одбраната и нападот. Тоа не значи дека не сакам играчи како Самуел или Киелини, родени стопери“.
“Сакав да пробам нешто ново со моите момци. Минатата недела одигравме натпревар каде што излеговме со 2-7-2 постава. Голманот е меѓу овие седум играчи во средниот ред. Голманот е тој што ја започнува играта напред, а напаѓачите се првата линија на одбранбен притисок врз противникот“, изјави тогаш Мота.