Српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ најверојатно ќе го напушти Лацио на крајот од сезоната. Раководството на клубот од Рим одреди цената од 70 милиони евра за негова продажба, а неговиот агент Матеја Кежман ја откри и неговата желба за следен клуб во кариерата.
„Има понуди, преговараме, тој сега е фокусиран на Лацио, но потоа сака да прејде во Манчестер Јунајтед“, изјави Кежман.
Милинковиќ-Савиќ е член на Лацио од 2015 година. За римскиот клуб одигра 287 натпревари и постигна 56 гола.
Српскиот играч за врска претходно настапуваше и за Генк и за Војводина.