Германскиот стратег на Барса, Ханси Флик се надева дека Илкај Гундоган нема да си замине од Барселона, но желбата на играчот од средниот ред да има нов клуб е се поизвесна. А, шпанските медиуми ја открија и причината за незадоволството, таа се вика новото засилување шпанскиот репрезентатвец Дани Олмо.
Гундоган смета дека неговото влијание во тимот станало значително помало со доаѓањето на новиот европски шампион со Шпанија. Минатата сезона Германецот беше стандарден, но тоа се промени во новата, а шпанските медиуми посочуваат дека играчот не сакал да се потчини и да седи на клупата за резерви.
Челниците на Барса немаат ништо против продажбата на 33-годишниот играч за врска и веруваат дека на него би можеле да заработат околу 15.000.000 евра. Гундоган минатата сезона одигра 41 натпревар, постигна четири гола и забележа 14 асистенции за Барселона.
Најзаинтересирана екипа во моментов за него е турски Фенербахче за кого пофални зборови има новиот стратег Мурињо.