Габриел Хесус е нов фудбалер на Арсенал откако Бразилецот денеска и официјално е претставен на „Емирати“. Тој пристигна од Манчестер Сити за сума од 45 милиони фунти.

Бразилскиот напаѓач потпиша петгодишен договор и ќе го носи дресот со број „9“.

Габриел Хесус одигра 236 натпревари за Манчестер Сити и постигна 95 гола.