Рен го победи Олимпик Лион на својот „Роасон Парк“ со 3-0 (2-0) во натпревар од првото коло од Лига 1. Натпреварот беше вистинска агонија за фудбалерите на Лион, но и несекојдневна вечер за домашната екипа.
Уште во првото полувреме, со головите на Бенжамин Бурижо а по асистенцијата на Лудовик Блас и Амин Гири, Рен создаде солидна предност од два гола против Олимпик Лион. Рен делуваше прилично самоуверено, иако Лион имаше можност да се врати во дуелот во 71. минута кога Грузиецот Микаутадзе шутираше пенал. Но, искусниот Стив Манданда го прочита неговиот слаб удар и гостите „потонаа“ до крајот.
Конечниот резултат го постави новајлијата на Сарпсборг, 20-годишниот Хенрик Мајстер, кој постигна прекрасен гол во првата минута од судиското надополнува.